Маричиќ- Оберхубер: Преку заедничка соработка ги правиме промените и ја движиме земјата кон ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) за Северна Македонија, Давид Оберхубер.

На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка со нашиот стратешки економски и политички партнер, Сојузна Република Германија, преку активноста на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и се разгледаа можностите за соработка во релевантните области на европската интеграција како и за други области од интерес на македонските институции.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот ги потенцираше конкретните придобивки што ги имаме од соработката со ГИЗ, додавајќи дека нивното разновидно знаење и стручност се исклучително важни, а нивните пренесените искуства применливи, особено сега кога ги започнавме преговорите со ЕУ.

Соговорниците на средбата ја потврдија важноста и значењето на континуираната поддршка и соработка што нашата земја ги добива од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во процесите важни за јакнење на институционалните и економски капацитети на државата, што се од исклучително значење за напредокот на нашата реформска агенда и евроинтегративниот процес.

Маричиќ на средбата се заблагодари за посветеноста и искрената волја за соработка и со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), Оберхубер се договорија дека ќе ја продолжат блиската соработка и во иднина, особено во различни проекти поврзани со спроведувањето реформите и реализацијата на европската агенда.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он