Четворица Палестинци загинаа во судири со израелски сили

Од:

Тројца Палестинци загинаа во судири со израелските безбедносни сили кои влегоа во окупираниот град Наблус на Западниот Брег, а четвртиот е убиен во одделен судир, соопштија палестинските власти.

Според очевидци, судирите избувнале во текот на ноќта кога палестински полицајци и милитанти забележале припадници на израелските безбедносни сили како влегуваат во градот Наблус.

Четвртиот Палестинец е убиен во одделен судир кога демонстранти почнале да фрлаат камења врз израелски сили, соопштија медицински извори.

Израелската армија соопшти дека безбедносните сили извршиле рација во зграда што се користи како седиште и место за производство на експлозиви на локалната група наречена Лавовска дупка. Разнесен е објект за производство на експлозиви, се вели во соопштението.

Во престрелката во Наблус се ранети и неколку вооружени лица, соопштија палестинските власти.

Наблус е жариште на жестоки судири откако Израел во март почна акцијата против милитантите на Западниот Брег како одговор на серијата напади на Палестинците во Израел.

Набил Абу Рудеине, портпарол на палестинскиот претседател Махмуд Абас, рече дека кабинетот на Абас се обратил до САД барајќи нивна помош за ставање крај на израелската кампања.

– Сето ова ќе има опасни и деструктивни последици, изјави Абу Рудеине на палестинската телевизија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Израел му забрани влез во земјата на шефот на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Катерина Ѓуровски

Да не се патува во Израел, Либан и Иран повика Министерството за надворешни

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје