Албанија воведува вонреден данок за производителите на електрична енергија што извезуваат

Од:

Албанската влада воведува новина во предлог-буџетот за следната година а тоа е вонреден данок за производителите на електрична енергија што извезуваат.

Владата го аргументира наметнувањето на овој данок со тоа што „производителите на енергија оствариле профит без зголемување на трошоците поради поскапувањето на енергенсите со кои се тргува на берзата“.

Се предвидува производителите да бидат оданочени за овие дополнителни профити со стапка од 33 отсто.

Врз основа на ова очекуваните приходи во буџетот се проценуваат на 71 милион евра.

Друга новина во Предлог-буџетот е враќањето на спортското обложување што го забрани пред четири години и предвидува во буџетот да се слеат над 17,2 милиони евра.

Инаку, под влијание на движењата и очекувањата за глобалната економија и особено онаа на Европската унија, идната година се очекува забавување на економскиот раст во Албанија и се предвидува да изнесува 2,6 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он