СДСМ: Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција за нелегален имот, се што имаат да достават до ДКСК

Од:

Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните. Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните се вели во реакцијата на СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за 123 функционери на власта кои наводно креле имот вреден 30 милиони евра.

– ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска. Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека си погледне во своите редови и својот дворец. Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта? Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, тие треба да ги достават до надлежната институција а тоа е ДКСК, за понатамошно постапување се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски