Приведен дилер од кичевско, пронајдени дрога и пиштол

Од:

На 21.10.2022 во 21.45 часот на крстосницата на ул.„Загорје“ со регионален пат Кичево-Осломеј, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода А.А.(25) од с.Гарани, кичевско.

При преглед во возилото „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, во кое бил сопатник, кај него биле пронајдени остатоци од марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошни простории на А.А., при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пиштол „Екол“ со една празна рамка.

Тој бил задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар