Митева: Половина милион евра се потрошени залудно поради неспособноста на МОН

Од:

МОН потрошило над половина милион евра за печатење на скрипти за еднократна употреба, пари од Светска банка, за да ја покрие својата неспособност, навремено да испечати учебници за основците. Од документот на Светска банка се гледа дека над половина милион евра пари се употребени за печатење на скрипти за еднократна употреба рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– За да не излезе на виделина неспособноста на власта, која не успеала навреме да испечати учебници со средствата кои патем се предвидени во буџетот, тие користат средствата од проектот на Светска банка за Унапредување на основното образование, и трошат над половина милион евра за печатење на скрипти од 100тина страници за еднократна употреба од неколку месеци. Ова се пари кои немало да бидат потрошени, доколку власта навреме извршила подготовка и печатење на учебниците за кои веќе има предвидено пари во буџетот. Исто така, минатата година оваа фирма ТРИМАКС ДОО Скопје доби исто така половина милион евра за изработка на фамозните дигитални учебници, исто пари од проектот на Светска банка, кои патем годинава се неупотребливи. Ова се пари кои се дадени за изработка, печатење и дистрибуција на учебен материјал кој никогаш никој не го користел. За ова мора да има одговорност рече Митева.

Доколку власта навреме си ја вршеше работата над половина милион евра, пари од Светската банка ќе можеа да се наменат на долгорочен развој на образованието рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2026 година на 2,5 проценти

А1он

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија