Директор на ЈСП Скопје бев речиси 3 години, на фукцијата стапив во Февруари 2015 година, а бев сменет во Ноември 2017 година. Така да, ниту сум бил, ниту сум можел да бидам директор на Мицкоски. Во овој речиси 3 годишен период, финансиските проблеми беа огромен предизвик, но исто така станаа мисловна именка затоа што се работеше! Оставив во наследство модерно и финансиски стабилно јавно претпријатие, што успеавте да го уништите вели поранешниот диектор на ЈСП Игор Јанушев во реакција на обвинувањата од градоначалничката на Скопје Данел Арсовска.
Тој вечи дека во неговиот мандат претпријатието било во добивка, а како што вели и биле направини големи промени во насока на модернизирање на градскиот превоз.
– Јавно ја прашувам Данела Арсовска кои се финансисите резултати од оваа година и дали можат на било кој начин да се споредат со најлошата година која јас сум ја имал во ЈСП? Или еве за полесно да и биде, нека ги погледне и претходните 20-30 години од работењето на ЈСП. ?
Градоначалничке не е убаво да се расфрлате со паушални и хистерични изјави и да напаѓате без било каков основ, само ја губите и таа минимална поддршка која ја имате, ако воопшто останала таква. Засукајте ги ракавите и земете нешто да сработите, им го должите тоа на граѓаните. И мислете уште од сега како ќе обезбедите средства за плата за овој месец за вработените во ЈСП, тоа е многу поважно него да се занимавате со мене. Искрено ви посакувам во овие 3 години што ви остануваат од мандатот да имате дупло подобри резултати од тие што јас ги постигнав во ЈСП Скопје вели Јанушев во обраќање на социјалните мрежи.
Тој бара Арсовска да му се извини за како што вели да не одат по судови.