Британското Министерство за одбрана тврди дека Русија организирала кампања за одвраќање, објавувајќи дека 70.000 белоруски војници ќе бидат вклучени во новата руско-белоруска воена група на границата со Украина.
Според новиот извештај на британското воено разузнавање, малку е веројатно дека Русија навистина испратила значителен број војници во Белорусија, а најавата веројатно е обид да се убеди Украина да ги подели своите сили и да испрати дел од армијата на северната граница. .
Русија веројатно не е способна да создаде борбено подготвени формации на такви сили, нејзините сили се зафатени во Украина, велат разузнавачите, додавајќи дека белоруската армија најверојатно ќе има само минимални способности за преземање сложени операции.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 21 October 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/X8IXxY7DrA
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/vGVhbKLVkB
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) October 21, 2022