Хејгел: Американските воени сили се подготвени за напад врз Сирија, чекаат наредба од Обама

Од:

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел денеска изјави дека вооружените сили на САД се подготвени за акција, ако претседателот Барак Обама даде наредба за напад врз Сирија.

Морнарицата на САД има четири бродови во источниот дел на Средоземното Море и Сирија е во нивниот опсег. САД имаат распоредено и воени авиони во регионот.

Хејгел во интервју за телевизијата Би-Би-Си за време на посетата на Брунеи изјави дека американските разузнавачки служби наскоро ќе стигнат до докази дека нападите со хемиско оружје во близина на Дамаск ги извршиле силите на Асад.

Според него станува збор за „многу сериозни разузнавачки информации“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас