ВИДЕО: Се урна американски борбен авион, избувна голем пожар

Од:

Авион-ловец „Ф-35 лајтнинг 2“ на американското воено воздухопловство се урна на пистата во воздухопловната база „Хил“, јужно од Огден во сојузната држава Јута. Нема повредени во инцидентот, јави телевизијата „Си-Ен-Ен“.

Во објавата на воздухопловната база „Хил“ дадена преку Твитер се посочува дека пилотот се катапултирал и е однесен во локалниот медицински центар.

Причината за несреќата ќе ја покаже истрагата. По падот на авионот, избувнал пожар, кој се проширил на околу четири хектари, соопшти пожарникарската служба на Јута.

Пилотот се враќал во воздухопловната база „Хил“ од рутинска тренинг-мисија при што се катапултирал непосредно пред слетувањето, изјави пред медиумите полковникот Крег Андрел, командант на 388-то борбено крило на американските воздухопловни сили.

„Ф-35 лајтнинг 2“ е едномоторен, повеќенаменски борбен авион од петтата генерација, изработен во стелт-технологија за намалена воочливост на радарските системи. Тоа е најсовремениот и технички најнапредниот борбен авион на американската армија, наменет за остварување превласт на небото.

 

Би можело да ве интересира

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

Најголемиот страв на Џенифер Анистон: „Одев дури и на хипноза…“

Предраг Петровиќ

Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот не го носел пасошот

Авион на Ер Индија се врати во Чикаго по 10 часа лет – 300 патници делеа еден тоалет

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ

Пилот се онесвести за време на летот од Хургада до Манчестер

Горан Наумовски