Акција за уредување на градскиот парк во Куманово

Од:

Екипи од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ почнаа акција на уредување на најстариот градски парк, лоциран зад автобуската станица во Куманово.

Акцијата, според најавите на надлежните, се очекува да заврши до крајот на неделава.

– На расчистувањето се работи машински и рачно. Се сечат исушените гранки, уредуваат зелените површини, а шутот се изнесува машински. Апелирам до граѓаните совесно да се однесуваат и да не фрлаат смет и шут на оваа локација, изјави директорот на претпријатието Сашо Петрушевски.

Акцијата за кастрење на дрвјата веќе се спроведува на градскиот кеј, а од септември се очекува нова акција што ќе опфати кастрење на дрвјата и уредување на јавно-зелените површини.

– Акцијата ќе се спроведува во координација со куќните совети во различни делови од градот согласно потребите и веројатно ќе се спроведе паралелно со есенската акција за чистење која веќе стана традиционална, истакна Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он