Лацио ќе биде без својот најдобар стрелец и капитен, Чиро Имобиле барем до крајот на годината, јавуваат италијанските медиуми, откако од клубот потврдија дека има повреда на бицепсот.
Според „Ла газета дело спорт“, 32-годишниот напаѓач нема да биде во составот на Маурицио Сари барем до почетокот на 2023 година, пропуштајќи серија на важни натпревари пред Светското првенство – дуелите со Аталант, Јувентус и Рома, плус двата важни натпревари во Лига Европа против Митјиланд и Феенорд.
Имобиле, кој во кариерата има 189 гола во 273 настапи за Лацио по трансферот од Севилја во 2016 година, имаше успешен старт на сезонат со шест гола во 10 меча.
Извор: Топспорт