Францускиот репрезентативец и дефанзивец на Милан, Тео Ернандез е уште еден фудбалер чии дом е ограбен.
Според италијанските медиуми, крадци вчера влегле во куќата на Тео Хернандез, која се наоѓа во миланската област Касано Мањагу.
Сопругатана Тео Зои Кристофоли и нивниот шестмесечен син Тео Јуниор биле во куќата за време на грабежот.
Според првите извештаи, крадците успеале да одземат „многу важен“ плен, а полицијата ги истражува настаните со помош на безбедносните камери во куќата и ги реконструира настаните со помош на сопругата на играчот.
Тео Ернандез е поранешен играч на Атлетико Мадрид, Алавас и Реал Мадрид. Во Милан е од 2019 година, има одиграно 134 натпревари, постигнал 21 гол и запишал 25 асистенции. Минатата сезона со Милан ја освои Серија А.