Европскиот центар за брзо предупредување во трговијата со храна РАСФФ извести дека салмонела била пронајдена во замрзнато мисиркино месо што требало да се дистрибуира од Унгарија во Хрватска.
Тие додаваат дека ризикот од инфекција е сериозен, но дека месото не стигнало ни во Хрватска.
Имено, анализата направена пред почетокот на дистрибуцијата покажала бактерии и таа веднаш била прекината.