Неколку експлозии одекнаа во раните утрински часови во Киев, точно една недела откако Русите извршија напади врз главниот град на Украина.
A Shahed drone over #Kyiv.
?5 Kanal pic.twitter.com/FcuzNWXaps
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2022
Нападот го извршиле беспилотни летала – камикази, соопшти Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.
„Русите мислат дека тоа ќе им помогне“, објави тој на Телеграм.
Три експлозии биле регистрирани меѓу 6.35 и 6.58 часот по локално време. Сирените сигнализираа за воздушен напад непосредно пред првата експлозија.
Минатиот понеделник, на 10 октомври, Русите силно го бомбардираа Киев и други украински градови, при што загинаа 19 лица, а беа повредени 105, што предизвика меѓународна осуда. Еден ден подоцна, Русите продолжија со воздушните напади, но со помала жестокост, а нивна главна цел беа енергетски постројки на западот на Украина.
Извор: МИА