Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи синоќа заврши без победник, борбата за премин на Вејн Руни од редовите на шампион Манчестер Јунајтед кај ривалот Челзи ќе трае уште најверојатно ден или два.
По завршувањето на дуелот менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо истакна дека време е оваа приказна да добие крај. – Така е најдобро за сите, а Руни да реши „сакам да си одам“ или „сакам да останам“. Тој е голем професиноналец, а го покажа тоа и на натпреварот, одигра фантастично и се трудеше да постигне гол, заврши Мурињо.