(ВИДЕО) Пендаровски потрошил 400 евра за пречекот на старлетата Нивес Целзиус – Не открива за што разговарале двајцата

Од:

Пречекот на хрватската старлета Нивес Целзиус, која ги бакнуваше гардистите во претседателската вила Водно, претседателот Стево Пендаровски го чинеше 400 евра.

Хрватска пејачка беше на листата на поканети гости на Спортско радио за неформалниот прием кај претседателот и со своето скандалозно однесување кога ги бакнуваше војниците од претседателската гарда предизвика револт во македонската јавност.

„Секој настан кој се организира во Кабинетот е јавен и транспарентен и од секој настан јавноста е информирана. Кабинетот на претседателот најчесто за вакви настани соработува со Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Северна Македонија, освен кога Службата не е во можност да ја понуди услугата. За конкретниот настан, бидејќи СОЗР не беше во можност да ја понуди услугата, се искористи рамковниот договор кој го има Кабинетот со надворешни компании и финансискиот трошок за приемот на над 70 лица (храна и пијалаци) изнесува 24.500 денари. Настанот беше во вкупно траење од околу еден час, по што сите учесници си заминаа“, рекоа за „А1он“ од Кабинетот на претседателот.

„А1он“ го праша Кабинетот на претседателот за што разговарале Пендаровски и Нивес при кратката средба и при фотографирањето, но оттаму не добивме одговор.

На прашањето во кое својство беше присутна хрватската старлета и ТВ-водителка на неформалниот прием на новинарите и спортските личности, од Кабинетот рекоа дека таа била дел од групата поддржувачи на турнирот во мал фудбал на медиуми од земјава и регионот. Притоа не биле константирани пречки од безбедносен карактер за присуство на лицето Нивес Жељковиќ.

„Спортското радио 90.3, како организатори на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, побараа прием кај претседателот за учесниците и организаторите на турнирот. Претседателот одговори позитивно на барањето, со оглед дека станува збор за традиционална манифестација со хуманитарен карактер и од тие причини на 7 октомври (петок) се одржа краток неформален прием во Кабинетот на претседателот на кој беа присутни над 70 лица учесници, организатори и поддржувачи на турнирот во мал фудбал на медиуми од земјава и регионот.

Како и при секоја посета на странки во Кабинетот на претседателот, меѓу кои и настаните во рамки на Отворен кабинет, така и во оваа пригода беа направени сите потребни проверки за лицата кои фигурираа на списокот доставен од Спортското радио и притоа не беа констатирани пречки од безбедносен карактер за присуство на лицето Нивес Жељковиќ“, одговорија од Кабинетот.

Бакнувањето на гардистите и објавување на видео од чинот на социјалните мрежи ја зовре јавноста, која во најголем дел коментираше дека тоа е недозволиво и штетно за угледот на институцијата Претседател, а протоколот направил пропуст што ѝ дозволил да се однесува така.

Од Кабинетот тврдат дека не постојат протоколарни пропусти.

„Телефонските апарати на влез во Кабинетот на претседателот им се одземаат на странките само во случај на официјални средби со претседателот во работните простории. Во таа насока не ѝ беше одземен телефонот и на Нивес Жељковиќ. Инаку, снимањето со гардистите во Кабинетот не е забрането, тоа редовно се прави од страна на граѓаните кои доаѓаат во Кабинетот.

Не постојат протоколарни, ниту пропусти при извршените безбедносни проверки за приемот на лица на 7 октомври. Инаку, личното однесување на секоја од странките е работа на личен интегритет и домашно воспитување“, рекоа за „А1он“ од Кабинетот на Пендаровски.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска