МТСП: Во тек е исплатата еднократна помош за примателите на гарантирана минимална помош

Од:

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош од денеска. Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.

„Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на ГМП за месеците март, април и мај. За оваа цел одделени се скоро 40 милиони евра од страна на Владата на Република Северна Македонија.

За Владата и Министерството за труд и социјална политика грижата за граѓаните со фокус на ранливите категории останува приоритет“, соопштуваат од МТСП.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска