Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел денеска изјави дека Европската Комисија предложи на БиХ да и се даде статус на кандидат за ЕУ, дека Брисел носи позитивна динамика во процесот на проширување и изрази надеж дека Западен Балкан ќе ја искористи можноста и ќе ги спроведе клучните реформи.
– Ние не ги оценуваме само перформансите на нашите партнери, туку и на идните членки на ЕУ, посочи потпретседателот на ЕК. Тој додаде дека руската инвазија врз Украина ја истакнува важноста на проширувањето на ЕУ, кое добива ново геополитичко значење.
Борел додаде дека тоа е долгорочна инвестиција во мирот, просперитетот и стабилноста на Европа.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, презентирајќи го пакетот за проширување, истакна и дека политиката за проширување на ЕУ е геостратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и социо-економскиот развој на европскиот континент.
– Нашиот извештај нуди фактичка и правична проценка и јасни насоки за да им овозможиме на нашите партнери да идентификуваат каде треба побрзо да одат со земјите. Нема алтернатива, наш заеднички интерес е да го забрзаме процесот на интеграција, почнувајќи од Западен Балкан. каде што инвестиравме долги години за да ги доближиме до ЕУ, рече Вархеји, пренесе Бета.
Извор: МИА