Пендаровски го прими Извештајот на ЕК за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека годинешниот извештај има особено значење, бидејќи е прв по почетокот на пристапните преговори со Европската Унија и почетокот на скринингот, известуваат од претседателскиот кабинет.

Претседателот Пендаровски оцени дека извештајот дава детална слика за состојбите во општеството, но претставува и патоказ за натамошната работа на институциите и областите во кои ќе треба да се посвети поголемо внимание.

Пристапниот процес, според претседателот Пендаровски, налага сите капацитети да бидат насочени кон реализација на потребните реформи и во тој контекст посочи на потребата сите општествени чинители да го дадат својот придонес во овој процес.

Претседателот Пендаровски порача дека отворањето на преговорите со Северна Македонија е добра можност Европската Унија да ја демонстрира својата посветеност кон интеграцијата на земјите од Западен Балкан, како најдобар одговор на растечкиот евроскептицизам во регионот, се вели во соопштението од кабинетот на Претседателот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски