Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер предупредува да не им се дозволи на САД да доминираат на глобалниот енергетски пазар

Од:

Не треба да им се дозволи на САД да доминираат на глобалниот енергетски пазар додека ЕУ ги трпи последиците од конфликтот во Украина, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

„Конфликтот во Украина не смее да заврши со американска економска доминација и слабеење на ЕУ“, нагласи тој во францускиот Парламент.

Ле Мер оцени дека е неприфатливо Вашингтон да го „продава својот течен гас по четирипати повисока цена од таа што им е одредена на американските индустријалци“, додавајќи дека „економското слабеење на Европа не е во ничиј интерес“.

„Мораме да постигнеме побалансирани економски односи во однос на енергијата меѓу американските партнери и европскиот континент“, рече тој.

Пред конфликтот во Украина, Русија беше најголемиот снабдувач на гас во ЕУ, со удел од околу 45 отсто од вкупниот увоз на гас во блокот. Сепак, поради санкциите воведени кон Москва по нападот на Украина, испораките на руски гас во ЕУ значително се намалија, објави Политико.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна