ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги навредуваат Илија Димовски и Никола Груевски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ за извештајот за 24 декември, во кое опозициската партија го критикува описот на пратеникот Илија Димовски за извештајот, како палома хартија.

– Со ова соопштение СДСМ само ја покажува личната фрустрација, нервоза и инфериорност кон луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Нивната неспособност, немоќ и срам ги манифестираат преку лични навреди и дисквалификации. Во ова ниско соопштение СДСМ самите го признаа својот политички пораз. Ем бегаат од избори, ем навредуваат. Очигледно не им беше важна европската перспектива на Македонија, а уште помалку им беше важен судот на народот. Никој не ги натера сами да признаат дека се чуствуваат како губитници. Нивната лицемерна политика граѓаните ја видоа. Затоа во недостиг на аргументи со кои што ќе го објаснат своето однесување тие користат лични навреди кон пратеникот Илија Димовски и премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ