Ивановски: Груевски и власта не успеаја да побегнат од одговорноста

Од:

Во историјата на секоја држава има важни датуми и настани. Дел се славни и се празнуваат, дел се црни и се срамни. И едните и другите не смеат и не се забораваат, заради минатото, а најмногу заради иднината. 24 Декември 2012 година ќе остане запаметен како еден од најнегативните настани во историјата на нашата држава, рече Игор Ивановски координаторот на пратеничката група на СДСМ.

На секому му е кристално јасно што се случи на тој црн понеделник. Најмалку е проблематично што тогаш, спротивно на нашата волја и мандат од граѓаните да ги застапуваме, власта, со својата партиска тајна полиција не исфрли на сила од домот на народот и демократијата.

Најважно и најтрагично е што на тој ден, власта, ги прекрши основните начела на кои почива нашата држава и општество. Ги прекрши Уставот, законите и референдумската волја на македонските граѓани од 1991 година, Р.Македонија да биде правна држава, во која има ред и поредок, во која се почитуваат законите, слободата на изразувањето и слободата на медиумите. И сето тоа, само заради парите на власта и незаконското задолжување и Буџет, како основен механизам за владин криминал и корупција, и средство за владеење и задржување на власт.

Од тој ден Р.Македонија западна во длабока политичка криза. Дел од излезот се состоеше во потпишувањето на мартовскиот договор, со посредство на Европската Комисија, како предуслов за минимално внатрешно функционирање и останување на патот кон ЕУ и НАТО.

Водени од интересите на граѓаните, дури и на штета на партиските интереси, СДСМ го потпиша мартовскиот договор. И во целост го исполни. Се врати во Собранието, од каде што бевме исфрлени, учествувавме на Локалните избори, без измени на изборното законодавство и фер услови за натпревар, и од почеток објективно се фокусиравме на извештајот на адхок Комисијата. За вистината на 24 Декември.

Со оглед на фактот што веќе е очигледно дека работата на Комисијата ќе има епилог и Извештај, доследни на своите ставови, исполнувајќи го докрај мартовскиот договор, и најмногу во интерес на македонските граѓани, Ве информирам, дека нашето досегашно формално учество во Собранието завршува и во неговата работа се враќаме во полн капацитет, како што тоа го правевме до 24 Декември.

Конечно, вистината е како шило, боде, боде, се врти и на крај излегува на виделина. Изминативе 48 часа бевме сведоци на обидот на власта и премиерот Груевски, вистината да се маскира, а неговата одговорност да се избегне. Се изнагледавме, во живо, на веќе видени и испробани, прозирни политички блефови и трикови, кои не поминаа. Груевски и власта не успеаја да побегнат од одговорноста. Вистината и фактите ги поразија. А што се однесува до веќе видениот трик и блеф наречен предвремени парламентарни избори, јавноста се сеќава дека Груевски имаше шанса за предвремени парламентарни избори со изменети и фер изборни правила, заедно со локалните. Тој од вакви избори во март побегна. И толку за изборите.

Конечно, за државата,за нејзината иднина и евроатланска перспектива е добро што ќе се има извештај кој реално ќе ги отсликува настаните и фактичката ситуација. Извештајот потпишан од сите страни, треба и ќе биде исклучително важен документ за македонската парламентарна демократија и држава во целина, за тоа што некои направиле, а не смееле, за да никогаш повеќе, од било кого, истото не се повтори.

Сосема на крајот, сакаме да ја поздравиме одлуката на Груевски да го потпише Извештајот. Без разлика, дали тоа е резултат на притисокот на меѓународната заедница, или неможноста да се сокрие и избега од очигледните факти и вистина, сеедно, важно е што Македонија продолжува на патот кон ЕУ и НАТО, со очекувања ваквиот Извештај да придонесе за враќање на политичкиот дијалог, во интерес на македонските граѓани. СДСМ во таа насока, како и досега, во целост ќе го исполни својот дел од обврските и одговорноста, и до крај ќе работи во интерес на македонските граѓани и држава.

Би можело да ве интересира

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ