Над 60 отсто од Словенците ја оценуваат Владата како неуспешна

Од:

Словенечката Влада на премиерката Аленка Братушек како неуспешна ја оценуваат 60,7 отсто од Словенците, покажуваат резултатите од месечното истражување, кое го објави љубљанскиот весник „Дневник“.

Поддршката за Владата и водечките партии забележа мал пад во однос на претходниот месец, а бројот на испитаниците кои одговориле дека не знаат за која партија би гласале на избори, е зголемен за еден месец од 46 на 51 процент.

Најмногу гласови граѓаните би им дале на социјалдемократите, додека втората по број на гласови би била опозициската Словенечка демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша. Партијата Позитивна Словенија, која ја предводи премиерката Братушек, се наоѓа на третото место.

Според „Дневник“, за судбината на Владата и коалицијата би можеле да бидат пресудни следните два месеца. Имено, премиерката најави дека до 25 септември ќе ги претстави новите мерки потребни за намалување на буџетскиот дефицит и финансиска стабилизација следната година.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски