Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави денеска во Киев дека агенцијата ја смета нуклеарната централа Запорожје за украинска постројка, пренесуваат британските медиуми.
Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа во градот Енергодар и од март е под контрола на руските сили.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ со кој наложува нуклеарната централа Запорожје да се стави под руска сопственост.
МААЕ претходно соопшти дека Гроси оваа недела во Москва и Киев ќе разговара за создавање тампон зона околу нуклеарната централа Запорожје.
Извор: МИА