Едно лице рането во напад со ирански дрон врз населено место близу Киев

Од:

Едно лице е рането во напади извршени со беспилотно летало од иранско производство врз градот Бела Црква, стотина километри јужно од Киев, соопшти денеска регионалниот гувернер, Олексиј Кулеба.

Ова е прв напад извршен со дрон од типот „Шахед-136“ во таа област.

„Во текот на ноќта, непријателот изврши напади со беспилотни летала ’Шахед-136’ врз Бела Црква“, објави Кулеба преку Телеграм.

Тој уште соопшти дека во нападите е рането најмалку едно лица, а оштетена е и инфраструктура.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ