Во Британија уапсена банда Албанци, киднапирале маж и побарале откуп од 400.000 фунти

Од:

Британската полиција уапси албанска банда која киднапирала 30-годишен маж и барала откуп од 400.000 фунти. Албанците ја тепале и мачеле жртвата поради неплатени долгови.

Полицијата од Лондон, британската Национална агенција за криминал (NCA) и албанската полиција спроведоа серија рации минатата недела за да го спасат киднапираниот маж. NCA објави дека пет мажи и една жена се обвинети за киднапирање и за закани дека ќе ја убијат жртвата.

Албанската полиција соопшти дека уапсени се седум лица, сите државјани на Албанија.

Киднаперите го контактирале братот на киднаоираниот и му испратиле видео снимки, по што тој ја повикал албанска полиција. Бандата наводно побарала откуп од 400.000 фунти од семејството и им дала четири дена да ја соберат споменатата сума.

Полицијата го пронашла и ослободила 30-годишниот маж и тој сега е безбеден под полициска заштита.

„Добивме информации за 30-годишен Албанец кој бил киднапиран во Англија и за кого се бара откуп од 400.000 фунти. Албанската полиција разменила информации со Велика Британија, која потоа започнала спасувачка акција“, изјави портпаролот на албанската полиција Гент Мулаи.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон

По неколку експлозии, избувна пожар во источен Лондон

(ВИДЕО) Лондон: Над 100 луѓе се евакуирани поради пожар во зграда

(ВИДЕО) Три лица тешко повредени на карневал во Лондон

Горан Наумовски