На „Олд Трафорд“ вечерва ќе се одигра дербито на 2. коло од Премиер лигата, првакот Манчестер Јунајтед го пречекува лидерот Челзи. И двете екипи добро го почнаа првенството со победи и со сигурни игри.
За разлика од Манчестер Јунајтед кој гостуваше во 1. коло, Челзи одигра два натпревара на домашен терен на кои постигна победи. Дуелот се очекува да биде посебен и поради фактот што на клупата на Манчестер Јунајтед има нов менаџер Дејвид Мојс, а кај Челзи е повратникот Жозе Мурињо. Почетокот на натпреварот е во 21 часот.
На другите натпревари од 2. коло беа постигнати резултатите: Кардиф – Манчестер Сити 3:2, Тотенхем – Свонси 1:0, Астон Вила – Ливерпул 0:1, Евертон – ВБА 0:0, Хал – Норвич 1:0, Њукасл – Вест Хем 0:0, Саутемптон – Сандерленд 1:1, Стоук – Кристал Палас 2:1 и Фулам – Арсенал 1:3.
На чело на табелата се Челзи, Тотенхем и Ливерпул сите три екипи имаат по 6 бодови.