Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
Како што информираат од кабинетот на претседателот, на средбата било разговарано за можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за актуелните предизвици од енергетската криза со која се соочува Европа.
Претседателот Пендаровски и претседателот Радев се заложија за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес.
Двајцата претседатели разменија информации околу состојбата со енергетската криза и справувањето со неа. На средбата беа разменети мислења околу можностите за набавка на електрична енергија од Република Бугарија, со почитување на европската регулатива, се додава во соопштението на претседателскиот кабинет.