(ВИДЕО) Цветковска: Муцунски потроши цела година на празни ветувања и фалење со проекти на СДСМ

Од:

„Првата година од својот мандат Тимчо Муцунски ја потроши на довршување на проектите започнати од претходната локална власт предводена од СДСМ и Златко Марин“, рече Ивана Цветковска, ОО СДСМ Аеродром.

„Еве дел од проектите: Целосно ново изградено училиште „Димитар Македонски” во населба Лисиче, во соработка со централната власт; Набавка на смарт табли и надгледни средства за училиштата; 3.500 денари за секое прваче; Уреден училишен простор за инклузија на ученици во соработка со општествено одговорни компании; Проект за интегрирано пливање за децата со попреченост; Детска градинка со нов објект „Црвенкапа” со капацитет за 200 деца во Стар Аеродром; реновирани објекти во Срничка и Бубамара; Реконструкција на платото позади ТЦ Бисер – проект за целосно нов лик во урбаното јадро.

Проектот за енергетска ефикасност на индивидуалните домаќинства во населба Лисиче реализиран во соработка со УНДП е проект на претходната локална власт, за што денес сведочат граѓаните од тој дел, како и голем број објави и повици од страна на општината во периодот од 2017-2021 година.

И проектот за поголема енергетска ефикасност во Аеродром преку поставувањето на фотоволтаици на зградите на училиштата е целосно спроведен од претходната локална власт.

Добро е што Муцунски ги довршува проектите кои СДСМ ги започна во Општина Аеродром, но чесно ќе беше да каже дека тоа се проекти започнати пред неговиот избор за градоначалник.

Сите овие проекти се доказ дека СДСМ вистински се грижела за потребите на граѓаните.

Дополнително, истите овие проекти со кои Муцунски денес се фали, дел од нив беа оспорувани од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во мандатот на СДСМ и Златко Марин.

Го потсетуваме Муцунски дека на последните избори тој ја доби довербата од граѓаните да спроведува и реализира проекти кои тој ги вети во сопствената програма, а не да промовира проекти од претходната локална власт.

Муцунски за 1 година нема реализирано ниту еден сопствен проект. Проектите од неговата програма и по една година остануваат само празни ветувања“, изјави Ивана Цветковска, ОО СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он