Сведокот Нинџа од „27 април“ осуден за помагање при бегството на осудените за прислушкувањето во Македонија

Од:

Александар Василевски-Нинџа, кој беше главен сведок за предметот „Организатори на 27 април“, доби нова затворска казна. Тој вчера е осуден на шест месеци затвор за помагање при бегството на Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) и неговиот соработник Никола Бошковски. Осудителната пресуда е донесена по признание на вина од страна на Нинџа.

„А1он“ побара детали за пресудата од Кривичниот суд, од каде до овој момент нема одговори за тоа што стои во неа.

Грујовски и Бошковски избегаа во јули 2017 година. Тие беа осомничени во предметот „Организатори на 27 април“ каде сведок е Нинџа, но не беа опфатени во обвинението бидејќи избегаа. Беа уапсени во октомври истата година на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да се качат на авион за Будимпешта. Потоа, беа во екстрадиционен притвор. Никогаш не беа екстрадирани поради помилувањето дадено од ексшефот на државата, Ѓорѓе Иванов. Разузнавачите останаа во Грција. Грујовски и Бошковски беа обвинети и првостепено осудени во случаите „Тврдина“ и „Таргет“ во кои Специјалното јавно обвинителство ги товари за нелегалното прислушување во земјава и за уништувањето на опремата за прислушување. Добија затворски казни од по 15 години.

Нинџа и стана познат на јавноста кога прво беше обвинет за упадот во Собрание на 27 април и доби седум години затвор, а потоа, беше сведок по барање на обвинителката Вилма Русковска бидејќи како што кажа, случајно се нашол на местото каде се договарал упадот на 27 април. Беше обвинуван за лажно сведочење, поради што добил привилегии како пониска затворска казна и подобри затворски услови. Се најде и на листата за помилување кое требаше да го даде претседателот Стево Пендаровски. Но, по бурните реакции од јавноста, помилување никој не доби.

„А1он“ пишуваше за Нинџа, дека и покрај сомневањата дали ја говори вистината, судијата Илија Трпков му поверува на сведокот Александар Василевски-Нинџа во случајот за организаторите на 27 април. Тоа беше втор предмет кој го судеше Трпков, а каде сведочи Василевски-Нинџа по предлог на Обвинителството, за докажување на вина на обвинети. Неговиот исказ претходно беше клучен и во предметот „Ровер“, а каде на исти начин, со исти објаснувања, детали и раскажувања го увери судот дека обвинетите се виновни за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во Скопје. Но, Апелација за овој предмет двапати ја укина пресудата.

Нинџа има уште 2 години и 8 месеци да помине во затвор, доколку не се пресмета новата затворска казна која сега ја изрече Кривичниот суд, а за која се очекува жалба од обвинетиот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски за тужбата од Нинџа: По оваа логика, Русковска му ја загрозила безбедноста

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Адвокатот на Нинџа: Има општо закани и се чувствува несигурен

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Нинџа: Добив најниска казна за „27 април“ бидејќи не нападнав никого во Собрание

Кристијан Ландов

Тензично судење: Нинџа го тужи Стоилковски оти се исплашил, судијката не обезбеди тонско снимање и одржа рочиште

Кристијан Ландов

И за Нинџа се бара помилување, заменик-министерот за правда не се согласува со сите предлози

Кристијан Ландов

Миланов: Ќе поднесам жалба за притворот на Јанакиески

Сандра Бошковска