Ковачевски: Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда

Од:

Го повикам Мицкоски да ги информира сите тие компании од кои има индикативни понуди, а кои биле со важност од една недела, во текот на следните неколку денови, но не подоцна од среда, да ги комплетираат понудите и да ги достават до АД ЕСМ изјави денеска директоррот на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Тој информираше кои критериуми треба да ги задволуваат понудите од компаниите.

Технички карактеристики на енергенсот (мазутот или природниот гас), да ги имаат сите сертификати, да ги имаат сите потребни лиценци, да имаат обезбедени количини (250.000 тони мазут и 250.000.000 нормални метри кубни природен гас) да имаат договори со испорачатели, да имаат обезбедено транспорт до производните капацитети (мазутот до ТЕЦ Неготино, РЕК Осломеј и РЕК Битола, а природниот гас до ТЕ-ТО и топланите во Скопје), да имаат динамика на испорака согласно производниот план, да имаат обезбедено банкарска гаранција.

– Сите понуди од овие компании кои по препорака на Мицкоски ќе стигнат до ЕСМ во официјална форма, согласно Законот за јавни набавки на енергенси, веднаш ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ. Доколку евентуално пристигнат тие понуди и ги исполнуваат сите споменати критериуми и имаат најниска понудена цена, со тие компании ќе бидат склучени договори.Очекуваме, според вчера кажаното, евентуалните понуди да бидат со ниски цени, а со тоа ЕСМ и државата да заштедат 300 милиони евра. Доколку, пак, не пристигнат понуди по препорака на Мицкоски, ќе ја известиме јавноста за исходот на постапката рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Акцијата за даночно затајување е една од низата што ќе следуваат

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Владата не сака исфрустрирани производители и трговци, намалувањето на цените „на чекање“

Премиерот вели дека остануваат на поддршката за бранителите, за Таравари не е време за оваа тема

Мицкоски: Европа и светот видоа која е вистинската намера на Софија

Катерина Ѓуровски

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски