Рускиот претседател, како што соопшти Кремљ, денеска ќе биде домаќин на церемонија со која официјално ќе биде објавено анексијата на четири украински региони – Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје.
Според неговиот портпарол Дмитриј Песков, Путин ќе ги потпише пристапните документи во Кремљ пред да го одржи својот говор.
Планиран е и поп концерт на Црвениот плоштад, каде е поставена бина, големи екрани и пораки дека украинските региони се всушност руски.
Територијата контролирана од Русија во Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје е околу 15% од вкупната површина на Украина.