Путин: Еднополарната хегемонија се урива, се создава поправеден свет

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека конфликтите во поранешниот СССР, вклучително и сегашниот меѓу Русија и Украина, се резултат на распадот на Советскиот Сојуз и го обвини Западот за сеење раздор.

„Знаеме дека Западот создава сценарија за поттикнување нови конфликти на територијата на ЗНД. Но, веќе имаме доволно од нив“, рече Путин на состанокот со претставници на безбедносните служби на земјите-членки на Комонвелтот на независни држави ( ЗНД), која ги собира повеќето држави создадени од распадот на СССР.

„Погледнете само што се случува сега меѓу Русија и Украина, што се случува на границите на некои земји од ЗНД. Сето ова, се разбира, е резултат на распадот на Советскиот Сојуз“, продолжи рускиот претседател. Тој, исто така, тврди дека поправеден светски поредок се формира низ тежок процес.

„Еднополарната хегемонија незапирливо пропаѓа, тоа е објективна реалност што Западот категорично одбива да ја прифати. И гледаме се што произлегува од тоа“, рече тој.

„Прилепувајќи се за минатото и обидувајќи се да спроведе политика на диктат во сите области, од меѓународните односи до економијата, вклучително и културата и спортот, овој познат колективен Запад создава нови проблеми и нови кризи“, посочи Путин.

На азискиот регионален самит на 16 септември, Путин веќе се позиционираше како противтежа на западниот поредок, поздравувајќи ја растечката улога на новите центри на моќ. Претходно Путин го нарече распадот на СССР најголемата геополитичка катастрофа на 20 век.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување