Кавадарчанка го заклала партнерот па го запалила телото

Од:

51-годишна кавадарчанка е приведена денеска, осомничена е за свирепо убиство информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, на 06.09.2022 осомничената била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.

По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.

Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Млада мајка од Белград е обвинета за обид за убиство на своето бебе

Четворица мртви во Вадуц, полицијата го истражува случајот

ГУР: Експлозијата во Москва е дел од агенциска операција

Откриена e причината за убиствата во Москва

Пумпа за бетон уби работник од Албанија кај Требеништа

Измамена старица: лажен доктор и зел 150 илјади денари, ја убедил дека ќерка ѝ е повредена