Заменик градоначалничката на Град Скопје поднесе оставка

Од:

Заменик градоначалничката на Град Скопје Бујаре Абази денеска поднесе оставка од функцијата. Абази, која е од редовите на партијата Алијанса за Албанците, на денешната прес-конференција истакна дека АА од своето формирање континуирано демонстрира принципиелна и транспарентна политика.

– На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните, нагласи Абази, осврнувајќи се на новите функции кои ги добија членови на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Функционер во Министерството за правда на Италија поднесе оставка поради врски со мафијата

А1он

Премиерот на Република Српска поднесе оставка

Со општински пари екс-градоначалник на Росоман го исплати личниот долг од 500.000 денари

А1он

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Федерика Могерини поднесе оставка

Зохран Мамдани: Трамп нема да ме заплаши

А1он