(ВИДЕО) Каевски: Милошоски ги блокира договорите од иницијативата Отворен Балкан на штета на граѓаните

Од:

Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, итно да закаже седница на комисијата со цел да започне процедурата за ратификација на договорите од иницијативата Отворен Балкан.Со овие договори граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, изјави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

– На овој начин ќе се отворат нови работни места, пополнувања на дефицитарните работни места во приватниот сектор во сите три држави кои се дел од Иницијативата.

Завршени се сите подготовки за либерализирање на пазарот на трудот и изнајдени се решенија за да започне издавањето на Идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, кој е неопходен технички предуслов за слободно движење на пазарот на трудот во сите три држави.

Но македонските граѓани се уште не можат да ги почувствуваат придобивките од ова, затоа што меѓународните договори со кои се уредува оваа материја се уште не се ратификувани.

Истовремено, не се ратификувани уште неколку договори поврзани со Иницијативата Отворен Балкан. А не се ратификувани затоа што Милошоски упорно не ја закажува седницата и на тој начин дејствува на штета на граѓаните, на штета на државата.

Сите пратеници, имаме обврска да им служиме на граѓаните, меѓу нив е и Милошоски и затоа, уште еднаш го повикуваме да ја закаже седницата на Комисијата, конкретните договори да бидат изгласани, за граѓаните што поскоро ги почувствуваат придобивките од нив – нагласи Каевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел