СДСМ: Мерки на Владата и за помали сметки на струја во училиштата

Од:

Економско енергетскиот совет на Владата, на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за претстојната зима соопштија од СДСМ.

Од владејачката партија велат дека е „донесена одлука, на регулиран пазар на електрична енергија да бидат и основните и средни училишта низ целата држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на единиците на локалната самоуправа“.

„Тоа значи дека во текот на целата зима, образовниот процес ќе се одвива непречено и со физичко присуство. Дополнително, државата ќе продолжи да ја субвенционира сметката за електрична енергија од 80 отсто за 650.000 домаќинства, а над 70.000 компании и други правни субјекти ќе добиваат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ