Германија стравува дека Северен тек ќе биде засекогаш неупотреблив

Од:

Германските безбедносни власти претпоставуваат дека трите цевки на гасоводот Северен тек 1 и 2 од Балтичкото Море ќе бидат засекогаш неупотребливи по актите на саботажа. Доколку не се поправат брзо, ќе навлезе многу солена вода и ќе ги кородира цевководите, дознава Тагесшпигел од владини извори.

Во меѓувреме ингеренциите за инцидентот ги презеде и кризниот тим на Федералното Министерство за надворешни работи, а за последиците разговараат неколку сојузни министерства и Канцеларијата.

Како прв чекор, контролата на германските суверени води од страна на федералната полиција се интензивира, при што нивните бродови повнимателно ги следат соодветните рути на критичната инфраструктура. Покрај тоа, сојузните држави треба да ја зајакнат заштитата на крајбрежните области на Северното и Балтичкото Море. Причина за загриженост се и заштитата на терминалите за течен гас што моментално се градат и подморските и телекомуникациските кабли.

Како и Комисијата на ЕУ, германските безбедносни власти и странската тајна служба, БНД, се сомневаат на чин на саботажа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната