Нема привилегии за бегалците од Русија како што имаше за Украинците, Македонија не очекува мигрантски бран

Од:

Македонија не очекува мигрантски бран од Русија, иако Русите бегаат по наредбата од претседателот Владимир Путин за мобилизација на резервисти. Но, дури и да има Руси кои ќе бараат згрижување, тие нема да имаат ист третман како Украинците кои бегаа од Украина на почетокот од војната. Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека Македонија нема конекции со Русија како други држави.

„Украинците имаат третман согласно со меѓународните организации каде ние сме членови, за згрижување на бегалци од војна. И ние сме ги донеле сите потребни одлуки за згрижување – постојано и во транзит, бидејќи дел доаѓаат и заминуваат во други земји. Тоа е третманот. Вашето прашање е насочено кон друго, зборувам за руски граѓани, кои одат во земји каде имаат директни летови“, кажа Ковачевски.

Прашан дали ќе се укине визниот режим за Русите кои бегаат од родната земја, Ковачевски посочи: „Нема таков предлог во моментов“.

Од македонското МНР нема одговор дали ќе препорачаат на македонските граѓани да не патуваат во Руската Федерација поради безбедносни ризици и да ја напуштат територијата на Русија, доколку се во можност.

Инаку, на почетокот од војната меѓу Русија и Украина, Владата обезбеди 120 милиони денари за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја. Засега, ваква одлука нема за Русите кои бегаат од својата татковина.

Би можело да ве интересира

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски