Вицепремиерот Бесими утре во официјална посета на Хрватска

Од:

Заменикот претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, утре ќе отпатува во официјална работна посета на Република Хрватска.

Во рамки на посетата вицепремиерот Бесими ќе се сретне со заменик претседателот и министер за надворешни и европски работи на Владата на Република Хрватска, Весна Пусич и со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. Бесими, како што е најавено, ќе биде примен и од претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ.

На средбите се очекува, како резултат на традицијата на добри меѓусебни односи и соработка во многу области, да се потврди континуираната поддршка на Република Хрватска, за членството на Република Македонија во ЕУ, како и во поглед на препораката од Европската Комисија за отпочнување преговори со европската унија.

Би можело да ве интересира

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија