Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (26.09.2022) поради реализација на меѓународниот фудбалски натпревар од Лигата на нации помеѓу фудбалските репрезентации на Р.С. Македонија и Р.Бугарија, со почеток од 20.45 часот на Арената „Тодор Проески“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците во близина на стадионот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.