Утре посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во сабота со почеток од 15 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Трасата на движење ќе започне на улица „Димитрије Чуповски“ кај „Порта Македонија“, право по улица „11 Октомври“ кон зградата на Собрание на Република Северна Македонија до крстосницата со улица „Филип Втори Македонски“, па лево по улица „Филип Втори Македонски“ до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до „Порта Македонија“, каде се продолжува право по улица „Димитрие Чуповски“ сѐ до крстосницата со улица „Даме Груев“ кај ТЦ „Палома Бјанка“ и назад по улица „Димитрие Чуповски“ сѐ до стартно/целната позиција.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници.

MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Би можело да ве интересира

Денеска во Скопје посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Времен режим на сообраќај на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје

Поради Бадниковата поворка утре во Скопје посебен сообраќаен режим

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот на фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје заради Парадата на гордоста

А1он