Времен режим на сообраќај на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје

Од:

Поради асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Како што информираат од ЈП Улици и патишта Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една, а потоа и другата лента на коловозот.

Од ЈП Улици и патишта Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Би можело да ве интересира

Утре посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Денеска во Скопје посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Поради Бадниковата поворка утре во Скопје посебен сообраќаен режим

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот на фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје заради Парадата на гордоста

А1он