(ВИДЕО) Снимка од регрутниот центар: „Зошто врескате како жени? Ќутете, сега сте во војска“

Од:

Откако рускиот претседател Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ поради војната во Украина, на социјалните мрежи се појавуваат се повеќе видеа кои сведочат за тоа како оваа мобилизација се одвива во пракса.

Веднаш откако Владимир Путин и неговиот министер за одбрана Шојгу завчера ја најавија мобилизацијата, Русите почнаа масовно да бегаат од земјата, за што сведочат информациите за навала од авионски билети за летови од Русија, како и гужви на границите со соседните земји.

Денеска на социјалните мрежи се прошири видео споделено од новинарот на ABC News, Патрик Ривел на неговиот Твитер. На видеото може да се види како униформиран маж им вика на насобраните мажи кои гласно го изразуваат своето незадоволство во, како што изгледа, регрутниот центар.

„Сега сте во војска, сите сте војници!

„Зошто врескате како жени? Затворете ја устата и однесувајте се прикладно, зошто викате? вели униформиран човек на толпата, а потоа додава: “Сега сте во војска. Тоа е тоа. Игрите завршија. Сега сите сте војници!”

„Тука сте три дена. Потоа летате, а вашата обука започнува за две недели. Потоа, тука е екипирањето на војниците. Ќе бидете платени како да сте на договор, во зависност од вашиот чин. Ќе добиете борбена плата, статус на ветеран, сè до крајот на специјалните операции, а потоа си одите дома“, вели регрутерот.

„Нема да бидете отпуштени од работа, вашите позиции се резервирани“, наведува тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски