Голем пресврт: Израелскиот премиер ја поддржа идејата за палестинска држава

Од:

Израелскиот премиер Јаир Лапид денеска повика на дводржавно решение за повеќедеценискиот конфликт меѓу Израел и Палестинците и повторно истакна дека Израел ќе стори „се што е потребно“ за да го спречи Иран да развие нуклеарна бомба.

Изјавата на Лапид пред Генералното собрание на Обединетите нации доаѓа откако израелските лидери со години избегнуваа какво било спомнување на тоа прашање во ОН.

„Договор со Палестинците заснован врз две држави за двата народа е вистинската работа за безбедноста на Израел, за израелското стопанство и за иднината на нашите деца“, рече Лапид.

Тој нагласи дека договорот ќе биде возможен само под услов тоа да биде мирољубива палестинска држава што нема да го загрозува Израел.

За време на неговата посета на Израел во јули американскиот претседател Џо Бајден го поддржа решението за две држави.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа