Јотова: Бугарија мора да има силна позиција во ЕУ за да стави крај на војната во Украина

Од:

Бугарија, според потпретседателката на државата, Илијана Јотова, мора да има силна и одлучна позиција во ЕУ за прекин на војната во Украина, што е можно поскоро, јави дописникот на МИА од Софија.

Според неа, треба да се свикаат тимови од дипломати на највисоко европско и светско ниво и светски лидери за да се принуди Русија веднаш да ја прекине војната во Украина. Не смее да дојде до уште поголема ескалација на тензијата, за која зборува рускиот претседател.

Според Јотова, делумна мобилизација и нови референдуми значат продлабочување на конфликтот и воените дејствија, кои никој не може да ги предодреди.

Бугарскиот претседател Румен Радев, според Јотова, ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност кога ќе го процени тоа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали