Во тек е 209-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина. Киев тврди дека руските сили извршиле ракетни напади врз Запорожјската област и Николаев.
Украинскиот оператор Енергоатом објави дека руската армија ја нападнала јужноукраинската нуклеарна централа, но дека реакторите не се оштетени.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени дека можноста за директни преговори меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, се уште е далеку.