Во ЕУ за една година цената на лебот порасна за 18 отсто

Од:

Од август 2021 до истиот месец годинава цената на лебот во Европска Унија забележа раст во просек од 18 проценти, се наведува во денешниот извештај на европската агенција за статистика Евростат.

За споредба цената на лебот во ЕУ во период од август 2020 до истиот месец во 2021 година се зголемила за три отсто.

Се разбира, не сите земји-членки имаат слична инфлација. Најголем пораст на цената на лебот во ЕУ, за 66 проценти е забележан во Унгарија. Потоа следат каде порастот е 33 односно 32 отсто. Во Литванија, Естонија и Словачка кои забележаа скок на вредноста на лебот за 33 и 32 отсто. Во Холандија и Луксембург цената на лебот е поголема за 10 проценти, додека во Франција, земјата на багетот, цената на лебот е повисока за осум отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ