ОМ: „Патриотите“ од ДПМНЕ да престанат да остваруваат, за доброто на сите нас

Од:

Во Кичево, од Јавното комунално претпријатие, отпуштени се тринаесет Македонци, од страна на администрацијата на Фатмир Дехари, коалициониот партнер на ДПМНЕ. Покрај отпуштените, во јавното претпијатие останати триесет вработени Македонци се деградирани и премесетни на други работни места. Додека Фатмир Дехари отпушта и деградира Македонци во Кичево, ДПМНЕ го наградува “патриотот“ Горги Сајковски за изборниот пораз во Кичево, реагираат од Обединети за Македонија.

Сакаме да ги прашаме така наречените патриоти од ДПМНЕ: Од што ќе живеат отпуштените работници? Дали ДПМНЕ сака Македонците од Западна Македонија да се ислевуаат од тој дел на државата?

Го повикуваме премиерот Никола Груевски да не дава лажни ветувања за нови фабрики и нови работни места во Кичево, како и во цела Западна Македонија, туку да ги сочува веќе постоечките работни места за Македонците. Ако е Груевски вистински патриот, за каков ни се преставува, нека го заузда својот коалиционен партнер ДУИ, нека престанат со својата тендер-политика на штета на Македонците од Западна Македонија. Во спротивно ќе сметаме дека ДПМНЕ заедно со својот коалиционен партнер ДУИ имаат заеднички планови за Македонците во Запaдна Македонија.

ДПМНЕ, престанете да остварувате. Од вашите оставрувања секој ден живееме се полошо.
Обединети за Македонија

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска